Search

Рома се офајди со „седумка“

Рома до првата победа во новата сезона од италијанската фудбалска Серија А стаса дури во 4. коло пред своите навивачи против Емполи кого го испрати со седум гола во мрежата (7:0). Овој триумф за „римската волчица“ е петти највисок во историјата на клубот. Во претходните три кола Рома оствари едно реми и два порази.

Избраниците на тренерот Жозе Мурињо уште во првото полувреме ја најави победата, откако голови постигнаа Дибала и Санчез, а потоа автогол си постигна Граси.

Дибала зголеми на 4:0 во 55. минута, по што стана јасно дека Емполи не може да избегне пораз, а до крајот на натпреварот стрелаа и Кристанте, Лукаку и Манчини.

Рома има четири бода на 12. место на табелата, додека Емполи е последен без бодови.

Треба да знаете
Последни објави