Search

Реал Мадрид со пресврт го продолжи победничкиот од во Ла Лига

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид со пресврт ги освои бодовите од пресметката со Реал Сосиедад (2:1) на „Сантијаго Бернабеу“. Ова беше петта победа за „кралевите“ во петте одиграни кола од Ла Лига.

Гостите од Баскија поведоа со 0:1 по само пет минути игра преку Андер Баренецеа. Мрежата на „кралевите“ се затресе од трет пат откако голманот Кепа Аризабалага, одбрани два удари по ред.

Федерико Валверде во првата минута од второто полувреме израмни на 1:1, а потоа Хоселу ги постави конечните 2:1.

„Кралевите“ се први на табелата со 15 бодови, по што следи Барселона со 13, а Атлетик Билбао и Жирона имаат по 10.

Треба да знаете
Последни објави