Search

Поетите за Скопје – седма „Поетска епизода“ во „Буква“

Во кафе-книжарница „Буква“ во рамки на фестивалот „АртАреа / Артерија ќе се одржи седмото издание на „Поетска епизода“ во организација на неформалното здружение за култура „Култура Бета“.

Оваа епизода, соопштија од  „Култура Бета“, е посветена на поетика на градот Скопје, неговата издржливост, солидарност, и љубов.

Ќе настапат поетите Иван Џепароски, Васил Ханџиски, Никола Маџиров, Биљана Стојановска и Васко Марковски. На настанот ќе бидат прикажани и четири поетски филмови за Скопје инспирирани од поезијата на Ивана Јовановска, Владимир Мартиновски, Јулијана Величковска и Андреј Ал-Асади. Поетските филмови се во режија на Марија Шаклева, Сандра Ѓоргиева и Диме Данов, а настанаа како дел од проектот „Стиховно мапирање на Скопје“ на издавачката куќа „ПНВ Публикации“.

Настанот ќе го модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска.

Оваа епизода е поддржана од фестивалот „АртАреа / Артерија“, издавачката куќа „Бегемот“, Europe House Скопје, кафе-книжарницата „Буква“ и издавачката куќа „ПНВ Публикации“. цр/

Треба да знаете
Последни објави