Search

Го измамиле Далиќ да им даде пари за лекување, а тие си купиле „голф“

На Балканот се можете да очекувате и ништо нека не ве изненадува. Двојка од Хрватска, Роберт Маталина и неговата девојка Дорис Грегорина, собирале доброволни прилози наводно за лекување, па на крајот си купиле автомобил „голф“ поради што сега се соочуваат со затворска казна за измама.

Во оваа приказна влетал и хрватскиот фудбалски селектор Златко Далиќ, поранешниот репрезентативец Ведран Чорлука и уште некои познатии лица од јавниот живот. Двојката барала пари за лечење на Роберт,кој наводно бил болен од леукемија. За да се лекува требало да соберат 100.000 евра. Тоа им биле плановите, но собрале само 30.000 евра, па си се почестиле со нов автомобил.

Двајцата измамници сега се под истрага.

Треба да знаете
Последни објави