Search

Арсенал се радуваше на „Гудисон Парк“ по пауза од шест години

Англискиот фудбалски вицешампион Арсенал оствари победа на гостувањето кај Евертон (1:0) во последната средба од денешната програма во 5. коло од Премиер лигата. Арсенал на „Гудисон Парк“ се израдува на триумф по пауза од шест години.

Тренерот на Евертон, Шон Дајш успеа да ги запре „топчиите“ на почетокот на натпреварот, но потоа Мартинели ја погоди мрежата на „карамелите“ во 20. минута. Сепак, неговата радост траеше кратко затоа што голот му беше поништен од ВАР-технологијата, а потоа се повреди.

На местото на Мартинели влезе Леандро Тросар, кој се покажа како херој на натпреварот затоа што во 69. минута ја затресе мрежата на Џордан Пикфорд за победа на Арсенал.

Арсенал има 13 бодови, колку и Ливерпул и Тотенхем, додека на првата позиција е Манчестер сити со 15 бода.

Треба да знаете
Последни објави