Search

Санкционирани 25 возачи во Тетово и Гостивар поради возење под дејство на алкохол 

Вкупно 25 возачи, од кои 14 од Тетово, а 11 од Гостивар, се санкционирани заради  управување возило под дејство на алкохол во акциската контрола што синоќа во периодот од 22:00 до 4:00 часот ја спроведоа полициски службеници од СВР Тетово.

Како што информираат од МВР,  кај двајца возачи, по еден од Тетово и Гостивар, се утврдени  над два промили алкохол. 

-Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци. При контролата, исто така, се санкционирани и 19 други видови на сообраќајни прекршоци од кои осум на територијата на Тетово, а 11 на Гостивар, соопшти МВР.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан доколку претходно консумирале алкохол, затоа што, посочуваат, алкохолот ја намалува нивната способност за управување и ја доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави