Search

Македонските фудбалери против Ерменија на 17 октомври во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фудбалската асоцијација на Ерменија (ФФА) го потврдија, како што е соопштено денеска, контролниот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји.

Македонските фудбалери ќе ја пречекаат Ерменија на 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот.

Македонската репрезентација во досегашните 11 дуели против Ерменија има ефект од пет победи, три порази и исто толку нерешени.

Последниот дуел против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификациите за СП 2022, кога избраниците на селекторот Благоја Милевски триумфираа со 5:0.

Пријателскиот натпревар против Ерменија ќе уследи по дуелот кој македонската репрезентација ќе го одигра на 14 октомври против Украина во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024. 

Треба да знаете
Последни објави