Search

Две жртви во судар на камион и автобус со мигранти во Италија

Автобус со мигранти кои неодамна пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза се судри со камион во близина на Рим, пренесе ДПА повикувајќи се на новинската агенција АНСА.

Во несреќата загинаа двајцата возачи, двајцата Италијанци, додека 18 мигранти се повредени, од кои некои потешко.

Околу 10.000 мигранти стигнале до Лампедуза со брод од почетокот на неделата, според вчерашните податоци на италијанското Министерство за внатрешни работи.

Само во вторникот на островот пристигнале повеќе од 5.000 мигранти. 

Треба да знаете
Последни објави