Search

Ѓорческа обезбеди четвртфинале на „Триглав Опен“ во Скопје

 Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на фјучерсот „Триглав Опен“, откако попладнево во Скопје ја совлада Јапонката Рина Саиго со 2-1 во сетови.

Ѓорческа, која е четврти носител на турнирот, обезбеди победа над 22-годишната Јапонка и 16. носителка, со пресврт откако првиот сет го загуби во тајбрејк 6-7, а следните два ги доби со идентични 6-2 во гемови.

Ѓорческа е единствена македонска тенисерка која остана во конкуренција на фјучерсот „Триглав Опен“ што се игра на терените на ТК „Југ“ во Градскиот парк за награден фонд од 40.000 долари. 

Треба да знаете
Последни објави