Search

Пронајдени можеби најголемите резерви на „бело злато“ во светот

Производителите на електрични возила се жалеа дека залихите на „белото злато“ ќе се намалат до 2025 година.

Сепак, откриено наоѓалиште на литиум во вулкански кратер долж границата Невада-Орегон може да содржи до 40 милиони тони од овој редок метал. Ова е веројатно најголемата ваква локација во светот, која би можела да има големо влијание врз индустријата за електрични возила.

Се проценува дека наоѓалиштето скриено во калдерата МекДермит содржи помеѓу 20 и 40 милиони тони литиум, што би било речиси двојно повеќе од сегашниот рекорд од околу 23 милиони метрички тони пронајден летово Боливија.

Исто така, значително ќе ги зголеми вкупните резерви на литиум во САД, кои претходно се проценуваа на само еден милион метрички тони, пишува b92.

Треба да знаете
Последни објави