Како што истакна Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, во табелата се појави нова ставка на која се врши проценката на руските загуби – подморница.
Се тврди дека заедно со 620 војници и 15 тенкови вчера била уништена и една подморница.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека собориле 17 од вкупно 22 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта. Станува збор за беспилотни летала камикази од иранско производство.