Search

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Хрватска за расизам и дискриминација

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) поради расизам и дискриминација за време на квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Летонија, кој се одигра на 8 септември во Риека.

„Набљудувачот на организацијата ФАРЕ до делегатот на натпреварот достави извештај во кој наведе дека во секторот со хрватски навивачи е забележан поединец, кој неколку пати истакнал знаме со усташки симболи. Поради тој инцидент УЕФА покрена дисциплинска постапка против ХНС“, соопшти денеска ХНС.

ХНС потсетува дека оваа Федерација е под условна казна поради дискриминаторското однесување на навивачите на завршниот турнир од Лигата на нации.

Во соопштението се додава дека новата дисциплинска мерка потенцијално може да предизвика казна од еден натпревар на гости. Следниот натпревар во квалификациите за ЕП 2024 година Хрватска го игра на 12 октомври во Осиек против Турција.

„На крајот на првото полувреме од мечот со Летонија, службата за безбедност забележала две лица кои држеле нелегално знаме, ги разделила и им го предала на полициските службеници, како и наведеното знаме“, се наведува во соопштението на ХНС.

Хрватска на 8 септември во Риека ја совлада Летонија со 5:0. Хрватска е на првото место на квалификациската табела од групата Д за ЕП 2024 година со 10 бодови.

Треба да знаете
Последни објави