Search

Тешка повреда на Артуро Видал

Натпреварот во квалификациите за пласман на Светското првенство меѓу Чиле и Колумбија заврши без голови, а го обележа повредата на ветеранот Артуро Видал.

36.годишниот Видал се повреди на загревањето, но не се откажа, играше до 72.минута кога го повреди коленото. Со солзи во очите и на носилки беше изнесен од теренот.

Информациите од Чиле се дека Видал сериозно го повредил коленото, дополнителните прегледи ќе покажат дали го оштетил менискусот или ги скинал лигаментите.

Извесно е дека оваа повееда ќе го испрати во пензија.

Видал моментално е играч на Фламенго, а во Европа играше за гиганти како Јувентус, Баен, Барселона и Интер. Без сомнение, тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред на својата генерација.

Треба да знаете
Последни објави