Search

Регионален саем на социјални претпријатија – решавање на социо-економските прашања на ранливите групи во општеството

„Третиот саем на социјални претпријатија“ што е од регионален карактер се одржа денеска во Скопје, учествуваа претставници од земјите од Западен Балкан, а освен од Северна Македонија социјални претпријатија имаше и од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

На официјалното отворање на саемот, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека со институционална поддршка за социјалното претприемништво ги решаваме предизвиците и на централно и на локално ниво, поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска со интеграцијата на ранливите групи во општеството.

-Социјалните претпријатија ќе придонесат во креирање нови работни места за ранливите групи граѓани. Законот за социјални претпријатија е во последната фаза и наскоро ќе биде вклучен во процедурите на усвојување во Влада и во Собрание и верувам дека до крајот на годината истиот ќе биде усвоен. Со него ќе се дефинира како граѓанските организации, здруженијата на граѓани, задругите, компаниите и сите останати правни субјекти можат да добијат статус на социјални претпријатие, истакна Тренчевска.

Со статусот, додаде, овие претпријатија кои ќе вработуваат лица од ранлива категорија и кои ќе го реинвестираат својот профит за остварување на својата општествена солидарна или еколошка мисија ќе може да добијат корист со кој ќе може да го растат својот бизнис, да вработуваат повеќе лица и да придонесат во решавањето на социо-економските проблеми во заедницата.

-Од минатиот саем во 2022 досега, многу работи се придвижија. Центарот за социјални претпријатија во состав на МТСП од средиште за активности поврзани со социјалните претпријатија прерасна во место каде што се обединуваат сите чинители на солидарната економија. Од минатата година досега видовме како социјалните претпријатија растат и се развиваат, многу активности се спроведоа и преку проектот имавме кампања со која се промовираат успешните социјални претпријатија од земјава, документарен филм, кој обединуваше доста од нив, саеми на повеќе локации, обуки и бројни активности, нагласи Тренчевска.

Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека социјалната економија е од голема важност во ЕУ и таа опфаќа десет отсто од сите бизниси и обезбедува работа на 13 милиони луѓе, што е шест отсто од сите вработени во Унијата.

-Социјалните претпријатија се вистински целосно грижливи компании кои вработуваат лица коишто инаку би биле без работа, без средства, без иднина. Благодарение на нив, тие се сега дел од поширока заедница, рече Гир.

Тој истакна дека откако ќе биде усвоена легислативата за социјални претпријатија во земјава, тоа ќе овозможи побрз развој на социјалните претпријатија, кои ќе можат да бидат конкурентни на други бизниси.

Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер истакна дека овој Регионален форум за социјални претприемачи кој го означува крајот на третото издание на проектот RISE.

Треба да знаете
Последни објави