Search

Меѓународната федерација на Црвениот крст: Итно се потребни 100 милиони швајцарски франци за поддршка на Мароко

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) денеска упати итен апел да се соберат 100 милиони швајцарски франци за поддршка на жртвите од земјотресот во Мароко.

„Во овој апел бараме 100 милиони франци за да можеме да ги задоволиме најитните потреби во моментот, кои вклучуваат обезбедување вода, канализација и засолниште“, изјави службеничката на IFRC, Керолин Холт за новинарите во Женева, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека е неопходно „да се избегне втор бран на катастрофа“.

Холт рече дека МФЦК одобри еден милион швајцарски франци од својот фонд за итни случаи веднаш по земјотресот како итна помош за мароканската Црвена полумесечина.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во петокот вечерта го погоди мароканскиот планински регион 72 километри југозападно од Маракеш, предизвикувајќи големи штети и разурнувања.

Повеќе од 2.800 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, а илјадници се повредени во земјотресот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Мароко. Надлежните стравуваат дека овие бројки ќе се зголемат.

Треба да знаете
Последни објави