Search

Италијанскиот фудбалер Леонардо Бонучи реши да го тужи Јувентус

Новиот фудбалер на Унион од Берлин, Леонардо Бонучи, одлучи да го тужи својот поранешен клуб Јувентус поради немање соодветни услови за тренинг во Торино, нарушување на неговиот имиџ и повреда на професионалните права, објавија денеска италијанските медиуми.

Бонучи (36) во Јувентус пристигна во 2010 година од Бари за 15,5 милиони евра. Во 2017 година замина во Милан за 42 милиони евра, но по само една сезона се врати во Јувентус за 35 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Бонучи бил принуден да тренира одвоено од остатокот од тимот во текот на летото по одлука на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Исто така, Јувентус му ја одзеде капитенската лента на Бонучи, кој на крајот реши кариерата да ја продолжи во Германија. Искусниот фудбалер пред неколку недели потпиша договор со Унион, а смета дека Јувентус го прекршил колективниот договор. Тој минатата сезона одигра 26 натпревари за клубот од Торино и постигна два гола.

Италијанските медиуми пренесуваат дека адвокатите на Бонучи ќе поднесат тужба против Јувентус, а сите пари, доколку го добијат случајот, ќе бидат донирани во хуманитарни цели на одделот за детска неврологија во Торино.

Треба да знаете
Последни објави