Search

Изгаснат пожарот во Бељаковце, ќе дежураат две противпожарни екипи

Пожарот во атарот на кумановското село Бељаковце е целосно изгаснат, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Дежурни екипи на ТППЕ Куманово и Ранковце ќе останат на две позиции од кои ќе внимаваат да не дојде до повторна појава на оган, изјави Ангелов.

Пожарот го гаснеа трите ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување  вклучени беа и армискиот и полицискиот хеликоптер како и пожарникарите од неколку противпожарни единици, Куманово, Старо Нагоричане и Ранковце.

Според МВР, јеликоптерот исфрли над 30 тони вода.

-Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Бељаковце, кој се проширил на два крака и кон селото Стрезовце, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-412 ЕП врз пожарот исфрли над 30 тони вода, информира МВР.

Пожарот избувна вчера после 16 часот.

Треба да знаете
Последни објави