Search

Зуди Енузи Кока назначен за директор на МЕПСО

Зуди Енузи Кока е нов директор на МЕПСО, инаку досегашен шеф на кабинет на веќе разрешениот директор Сурија Рашиди, кој пак за директор на Преносниот енергетски систем оператор беше назначен пред 6 месеци. На функцијата шеф на кабинет Зуди Енузи Кока бил од јуни годинава. И двајцата доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците.

Информациите велат дека оваа промена на директорското место во МЕПСО е резултат на внатрепартиска расправија. Инаку, Зуди Енузи Кока директоруваше и во Јавното претпријатие Комунална Хигиена, а беше разрешен од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Овој отказ следуваше по вооружениот инцидентот на неговиот брат Цуфи Кока на Плоштадот Скендер Бег, во кој со пиштол во рацете беше регистриран од медиумите на протестот против францускиот предлог.

Треба да знаете
Последни објави