Search

Застрашувачки снимки од небото над Мароко неколку минути пред земјотресот – тоа веќе се случи во Турција

Безбедносните камери поставени на куќа во југозападниот марокански град Агадир снимија блесок сина светлина што се појави на небото три минути пред разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала и ги погоди селата во планините, 72 километри јужно од мароканскиот главен град Маракеш, пишува Ерусалим пост.

Земјотресот во Мароко досега однесе повеќе од 2.800 животи, а 2.500 повредени.

Слични блесоци беа забележани на небото над Турција кога таа земја и Сирија беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени на почетокот на февруари годинава, во кој загинаа речиси 60 илјади луѓе.

За блесоците како овој снимен од безбедносната камера во Агадир се пишува веќе илјада години, пишува весникот.

Постојат тези дека блесоците се еден вид реакција на тектонски притисок, сеизмичка активност или вулкански ерупции. Тие не се појавуваат секогаш, а најчесто се појавуваат во близина на епицентарот на земјотресот и околу времето кога ќе се случи земјотресот. Најчесто може да се видат каде тектонскиот притисок е најголем.

Блесоците првпат се забележани во 1965 година во Јапонија, а забележани се во 2008, 2009 и 2017 година при земјотреси во Кина, Италија и Мексико, пренесува Јутарњи лист.

Треба да знаете
Последни објави