Search

Во мафијашката ликвидација во атинското предградие, шесттемина убиени веројатно се турски државјани

Над 50 куршуми биле испукани кон возилото во кое се наоѓале шесттемина убиени во мафијашката ликвидација вчера попладне во атинското предградие Артемида во источниот дел на градот, а според грчките медиуми жртвите веројатно се турски државјани, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според истите информации, во возилото биле пронајдени француски фалсификувани документи со турски имиња, а фалсификувани се и германските регистарски таблици на автомобилот.

Сѐ поизвесно е дека станува збор за расчистување сметки, а медиумите во Грција коментираат дека досега во земјата немало вакво убиство со толку многу жртви.

Во тек е потрага на грчката полиција по сторителите на убиството. 

Треба да знаете
Последни објави