Хрватската влада ќе ги враќа старите цени на 1.300 прехранбени производи: утре итна средба со трговците!

Министерството за економија на Хрватска, ќе побара од големите трговци да ги вратат поголемиот дел од цените за некои од 1.300-те намирници пронајдени во апликацијата „Движење на цените“ на нивоата што беа на 31 декември минатата година, објави Јутарњи лист.

Претставниците на 10-те најголеми трговци во Хрватска, од Конзум, преку Лидл, Кауфланд, Интерспар и Томи, се поканети на состанок во Министерството утре, а се се случува во време кога Владата воведува нов пакет мерки за помош. Соговорниците блиски до Владата не кажуваат што ќе се случи доколку трговците не се согласат со ова нивно барање, туку само велат дека ги имаат на располагање сите инструменти.

-Според податоците од апликацијата „Движење на цените“, потрошувачката кошничка од повеќе од 360 производи поскапела за цели 5,8 отсто кај некои трговци, како што е Томи, од крајот на минатата година до денес. Во истиот период кошницата поскапе во Конзум за 3,67 отсто, а во КТЦ за 5,39 отсто, наведува Јутарњи.

Во тој период и во последните шест месеци најмногу поскапел зеленчукот.

Треба да знаете
Последни објави