Search

Сончево и топло, до 33 степени

Времето утрово ќе биде свежо, а преку ден сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 15, а максималната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според УХМР, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло време со свежи утра. Од четврток ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови. 

Треба да знаете
Последни објави