Search

Отворање на Вардар иновациски хаб во Велес

Во Велес денеска ќе се одржи промотивен настан по повод отворањето на Вардар иновациски хаб. Хабот ќе го отвори Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамки на проектот INNO-ECOSYSTEM.

Проектот INNO-ECOSYSTEM е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Грција и Република Македонија. Го спроведуваат три партнери од двете соседни земји: Асоцијација на компании за информатичка технологија на Северна Грција (SEPVE) – Грција Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА ПЛУС – Република Македонија Центар за развој на Вардарски плански регион – Република Македонија. 

Проектот има за цел да ги надгради капитализираните резултати од проектот EMPLOYOUTH со нов иновативен екосистем за поддршка за вработување на ИТ млади таленти како што се: корпоративни иновации, услуги за соработка и заеднички живот и трансфер на транснационални искуства, како и да ја зајакне културата водена од иновациите во прекуграничната област преку практикување нови алатки кои водат до вработување на младите: 1) вмрежување на корпоративни стартапи и 2) хакатон настани кои привлекуваат ИТ млади таленти да работат на решавање на проблемот додека се менторирани и обучени. и 3) размена на искуства преку технолошки форуми.

Треба да знаете
Последни објави