Search

Денови на македонско вино во Виена

Овие денови во Виена сé ќе биде околу виното, негова промоција, и бенефитите кои ги имаме со #ОтворенБалкан. На покана на министерката за земјоделство на Србија Јелена Танасковиќ, а на мое големо задоволство, заедно ќе го претставиме нашето најдобро, пред најреномираните новинари, познавачи на виното, потенцијални бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија, објави вечерва министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја, додаде Николовски.

Треба да знаете
Последни објави