Search

Голема акција за апсење во Белград: оштетен буџетот за повеќе од 120 милиони динари, паднаа неколку инспектори

Осум лица од Даночната управа, разграноците Вождовац и Земун во Белград, се уапсени во акција за злоупотреба на службената положба, пишува српски „Телеграф“.

Меѓу уапсените е и началникот на одделението за даночна контрола во Земун.

Според неофицијални информации, тие го оштетиле буџетот за повеќе од 120 милиони динари, а правеле записници со невистинита содржина за да го вратат ДДВ-то.

Завршени се истражните дејства, кои траеле со месеци, а пред неколку дена обезбедени се доволно докази и основи за да се изведат корумпирани државни службеници, кои со валкано работење и разни комбинации му нанеле штета на буџетот, кој се мери во милиони евра и малверзации, објавуваат српските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави