Search

Албанија ја победи Полска, а Србија се рехабилитира со Литванија

На петте квалификациски фудбалски натпревари за Европското првенство кои се одиграа вечерва, Албанија ја совлада Полска 2:0, Србија беше подобра од Литванија со 3:1, Холандија ја совлада Ирска 2:1, Грција го растури Гибралтар 5:0, а Словенија против Сан Марион постигна 4:0.

Поранешниот вардаров играч Јасир Асани кој ја одбра за настапи селекцијата на Албанија во 37. минута постигна убав гол за водство од 1:0, а победата ја потврди Мирлинд Даку во 62. минута од натпреварот.

Албанија се проби на првото место во групата со 10 бодови, два повеќе од Чешка и Молдавија, додека на четвртата позиција е Полска со шест, а Фарски Острови имаат еден бод.

Србија која во петокот во Белград беше изненадена од Унгарија брзо се рехабилитира на гостувањето кај Литванија. Александар Митровиќ имаше гол-претстава на гостувањето кај Литванија чија мрежа ја тресеше трипати од 21 до 43. минута. Литванија во продолжение на првото полувреме погоди преку Паулаускас за конечни 1:3.

Србите имаат 10 бода, колку и Унгарија во групата Г, по што следи Црна Гора со осум, додека Бугарија и Литванија имаат по два поени.

Ирска поведе во петтата минута против Холандија, но радоста на домаќините кратко траеше затоа што гостите во продолжение преку Гакпо и Вегхорст стрелаа за целосен пресврт (2:1).

Треба да знаете
Последни објави