Актерот Сергеј Трифуновиќ кој беше приведен во Сплит добри забрана за влез во Шенген зоната

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повторно се огласи откако три пати беше приведен во Сплит, казнет поради наводна навреда на полицаец, но и поради чување куче без надзор. Вчера во 23 часот и 45 минути, на излез од Хрватска бил запрен на граничниот премин Бајаково и добил парична казна од 1.000 евра, а претходно му е изречена забрана за влез во Хрватска и Шенген – зоната во времетраење од една година. Актерот на својот Инстаграм напиша дека бил апсен три пати за 30 часа, како и дека бил изложен на психофизичко малтретирање. По ваквиот негов настап се огласи и хрватската полиција која го објави целиот случај.

-Поттикнати од јавна објава на социјална мрежа која изобилува со неточни информации, но и со навредливи и погрдни зборови за полициските службеници, должни сме да ја информираме јавноста за точни информации и факти поврзани со нашите постапки.

Маж во изминатите два дена со своето однесување направи пет прекршоци на подрачјето на Сплит. По повикот на граѓаните и побараната интервенција на плажата Каштелет поради сторување прекршок од член 30 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, лицето ги навредувало полициските службеници на начин кој не е погоден за јавност.

Многу брзо по завршувањето на оваа постапка, во саботата на подрачјето на Сплит, мажот повторно ги сторил прекршоците од чл. 30. Наредниот ден, 09.09.2023 година, на социјалната мрежа го нарушил јавниот ред и мир со објавување и истакнување текст со недолична содржина, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави