Седуммина исчезнати во поплавите во Грција

 Во невремето „Даниел“ што во вторникот ја зафати Грција и предизвика поплави и катастрофални штети во повеќе места во централниот дел на земјата, за исчезнати се водат седум лица, меѓу кои и двајца туристи од Австрија. 

Бројот на исчезнати до вчера беше четири лица, додека пак денеска бројот се зголеми на седум лица.

Во поплавите, животот го загубија десетмина, а спасени се стотици граѓани.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос информираше дека од почетокот на невремето „Даниел“ на 5 септември, заклучно со денеска наутро биле спасени 2.806 граѓани, а од седум часот утрово до попладнево имало 350 спасувања од копнени и воздушни сили.

Дополнително, противпожарната служба користи и дронови за снабдување со храна, вода, постелнина и медицинска опрема во деловите каде што е тежок пристапот. 

Треба да знаете
Последни објави