Search

Ретко насмеана: Принцезата Шарлин покажа како игра голф со сопругот

Плоштадот пред познатото казино Монегаски е претворен во зелена ливада по повод почетокот на голф турнирот „Куп на принцезата на Монако“, кој собира познати спортисти. Таму беа поставени симболични 19 дупки, а гостите и учесниците на турнирот можеа да ја покажат својата умешност и прецизност во еден удар и да освојат вредни награди.

Во играње се испроба и принцезата Шарлин која се појави во ретко опуштено и насмеано издание. На принцезата, поранешна професионална пливачка, изгледа најмногу и се допаѓаат нејзините спортски обврски кои редовно и предизвикуваат насмевка на лицето. Особено кога станува збор за турнирот што таа го започна во 2019 година, а целата добивка е наменета за фондацијата што го носи нејзиното име.

Расположен бил и нејзиниот сопруг, принцот Алберт, кој ја охрабрил со нежна прегратка за да им покаже на сите колку добро игра голф. Неодамна парот некако се зближи. Ова е нивно трето појавување во јавноста за десетина дена, а беа со децата и на одмор каде беа видени како се гушкаат и бакнуваат. Иако со години се шпекулира дека нивниот брак постои само на хартија и дека Шарлин е најнесреќната принцеза на светот, дека има психички проблеми, сепак по се изгледа дека проблемите се надминати.

Треба да знаете
Последни објави