Search

Османи изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот твитер профил изрази сочувство до семејствата на жртвите од земјотресот во Мароко.

Тој упати и желби за брзо закрепнување на повредените.

-Шокирани сме од разорниот земјотрес во Мароко синоќа со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените, наведе Османи на твитер. 

Треба да знаете
Последни објави