Search

Мулачка од „Фокус“: Скандалот на Клиниката за онкологија не може да се реши за 24 часа како што вели Мицкоски

„Не е во ред да се собираат поени или јас како Мицкоски да викам дека за 24 часа ќе го решам случајот, тоа не се решава за 24 часа. Јас не сум истражен орган, меѓутоа знам колку медицински истории има таму, колку медицински истории треба да се вештачат. Треба време, не се решава тоа за еден ден или една недела и треба да бидеме искрени. Јас се надевам и имам искра надеж дека нешто ќе се помрдне“ изјави во интервју за Макфакс, Ирена Мулачка новинарка во „Фокус“ која е една која меѓу првите го откри скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Мулачка вели дека во последните десеттина месеци со новото раководство, сериозно е зголемена безбедноста во поглед на воведување нови протоколи и заштите од злоупотреба на терапии и лекови.

Според нејзините сознанија, лековите кои се злоупотребени од Онкологија се препродавале најверојатно на Косово, а во шемата учествувале директори, лекари, медицински и одделенски сестри, па и секретарки, благајници, возачи и чувари.

Во врска со мајката на поранешниот економски директор на Онкологија, Нехат Нухиу, Мулачка вели дека неговата мајка не била болна од карцином, но во медицинската историја е напишано дека боледува од рак на бели дробови, а од Клиниката излегува со дијагноза анемија.

Треба да знаете
Последни објави