Search

Истрага за шверц на кокаин од Колумбија преку пристаништето Бар

Специјалното обвинителство на Албанија побара од надлежните служби на тамошните истражни органи да им дадат дополнителни три месеци за истрагата што ја водат во врска со шверцот на 430 килограми кокаин од Колумбија преку пристаништето Бар.

Според албанските медиуми, побарано е дополнително време за истрагата за да се добијат дополнителни докази, односно да се откријат објекти кои се користеле како „лаборатории за кокаин“.

Инспекторите на оваа земја соработуваат со црногорските власти за откривање на детали поврзани со шверцот на дрога, а неодамна побарале помош и од нивните колумбиски колеги.

Според достапните информации, откриениот кокаин бил во пратка органско ѓубриво за тартуфи која во јули минатата година пристигнала во пристаништето Бар од колумбиското пристаниште Буенавентура и дека бил пренесен со бродот „Монте Кервино“ кој бил запленет веднаш по откривањето на дрогата.

Но, според вештачењето за оваа акција, кокаинот прво бил однесен од Колумбија во Грција, потоа во пристаништето Бар, па дури потоа во Албанија.

– Контејнерот во кој имало органско ѓубриво со скриени наркотици бил расфрлен на 20 палети, а Црна Гора била транзитна земја. Крајната дестинација беше Албанија – се наведува во соопштението на Полициската управа на Црна Гора во ноември минатата година.

Првиот сигнал дека палетите се натоварени со нешто поскапо, а не со вештачко ѓубриво беше огромната разлика во вредноста на товарот и неговиот транспорт. Оперативните податоци покажуваат дека ѓубривото го нарачал физичко лице од Албанија.

За да се докаже дека во контејнерот има кокаин, било наредено да се скенира, но потоа ништо не било откриено.

Дека сомнежите на црногорските истражители сепак се точни, покажаа и анализите на локалниот форензички центар.

15 лица се уапсени под сомнение дека учествувале во шверц на дрога на територијата на Албанија.

Треба да знаете
Последни објави