Search

ВМРО-ДПМНЕ: Со промашените политики на СДС реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022

реакција на прес конференцијата на Дарко Каевски

Со промашените политики на СДС реалните плати во Македонија се намалија за 5% во 2022.

Иако народот добива навидум повеќе пари, всушност зема многу помалку. Платите и примањата не растат туку паѓаат. Куповната моќ на населението е намалена со СДС и ДУИ.

Народот се потешко преживува. Македонија има поголема инфлација од земјите во ЕУ, иако власта тврдеше дека инфлацијата е увезена, се потврди дека и за тоа лаже.

Со СДС и ДУИ на власт стана луксуз учениците да имаат книги, болните лекови, студентите нормален оброк. Шест години СДС и ДУИ, 6 години државата уназадува на секој чекор.

Со СДС и ДУИ 6 години само криминалот се развива. Со ваква криминална власт, државата не може да оди кон ЕУ, нема да мрдне ниту милиметар. Потребни се промени.

Треба да знаете
Последни објави