Search

Њујорк се бори со два милиони стаорци на улиците

На улиците на Њујорк во Соединетите Американски Држави има сé повеќе стаорци и покрај претходните обиди да се намали бројот на глодарите.

Овој град со околу девет милиони жители со години страда од глодари кои се чести носители на разни вируси и болести.

Се проценува дека најмалку два милиони стаорци живеат во 90 отсто од градот. Според податоците на градот, граѓаните сé почесто известуваат дека забележале стаорец.

Се верува дека проблемот е влошен и со отворањето на бројни улични ресторани за продажба на храна по пандемијата СОВИД-19, при што градските ресторани беа затворени.

Треба да знаете
Последни објави