Search

НАТО го осуди рускиот план за одржување избори во окупираните делови на Украина

НАТО изрази осуда за Русија поради најавата за одржување избори во окупираните региони на Украина.

„Овие избори се фарса, нелегитимни и уште едно кршење на меѓународното право“, изјави портпаролот на НАТО Дилан Вајт на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер.

Тој повтори дека НАТО ја поддржува Украина и ќе продолжи да го прави тоа.

Претходно, САД и Германија, исто така, ги осудија планираните локални избори во источна Украина во региони под контрола на руските сили.

Руските власти најавија одржување на локални избори следниот викенд во регионите Доњецк, Луганск, Крим и делови од Херсон и Запорожје.

Западните земји ја обвинуваат Русија дека се обидува да ја легитимизира анексијата на украинската територија со одржување избори на окупираните територии.

Треба да знаете
Последни објави