Search

Со хеликоптери се спасуваат луѓето заглавени во поплавите во Грција (видео)

Со хеликоптери Супер пума и Бел, спасувачки тимови на армијата и противпожарната служба на Грција започнаа да ги спасуваат луѓето заглавени во поплавите во централниот дел на Грција, со оглед на тоа дека претходно, поради лошото време и молњите, не беше дозволена интервенција од воздух. 

Хеликоптерите слетуваат на стадионот во градот Кардица каде што се префрлаат спасените.

Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција до акредитираните новинари испрати видеа од спасувачките акции, кои ги објавува МИА.

На едното видео е спасувањето на татко со мало дете кои беа извлечени од поплавена куќа, додека, пак, другото е извлекување на повозрасно лице.  

Според министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, Василис Кикиљас, во невремето исчезнати се шест лица.

Како што претходно објави МИА, во невремето „Даниел“, што од вторникот ја зафати Грција, животот го загубија четири лица. ср/паг/

Видео: Министерство за цивилна заштита и климатски кризи на Грција 

Треба да знаете
Последни објави