Search

Ракописот на најпознатата песна на групата „Квин“ е продаден за неверојатни 1,6 милиони евра

Ракописот на Фреди Меркјури за „Боемската рапсодија“ на Квин беше продаден на аукција во Сотби во Лондон во средата вечерта за неверојатни 1,6 милиони евра.

Овие 15 страници, напишани со пенкало и мастило на хартија со логото на сега веќе непостоечката авиокомпанија British Midland Airways, го откриваат процесот на создавање на оваа позната песна. Меѓу другото, од ракописот е видливо дека песната би можела да се нарече и Монголска рапсодија.

Треба да знаете
Последни објави