Search

Бала: Уништени се 289.000 стебла марихуана, уапсени 101 лице

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала ја поздрави големата операцијата на припадниците на државната полиција, во чии рамки во изминатите  неколку месеци, уништени се илјадници стебла канабис и откриени одгледувачите на ова наркотично растение.

Министерот Бала на социјалните мрежи објави дека досега се идентификувани 202 сторители на национално ниво, од кои 111 се уапсени и изразува уверување дека ваквите операции ќе се интензивираат.

– До сега се уништени 289.357 наркотични растенија канабис сатива, идентификувани се 202 сторители, од кои 111 се уапсени, по 63 се трага, на 29 им се изречени други безбедносни мерки. За злоупотреба на службената должност и непријавување кривично дело поднесени се кривични пријави против 114 лица. Честитки за Државната полиција, пишува Бала.

Исто така информираше дека припадниците на полицијата штотуку завршиле исклучително тешка операција од земја и од воздух во некои планински области на Скадар, за уништување на илјадници корени канабис и за идентификација на лицата вклучени во оваа криминална активност.

Според него во оваа акција учествувале 50 припадници на специјалната единица „Ренеа“, 500 полицајци од Регионалниот полициски комесаријат Скадар, како и единицата за брзо распоредување од Тирана и Фиер, при што уништени се околу 13.000 стебла канабис одгледувани во тешко достапни планински предели.

Треба да знаете
Последни објави