Search

Австриски пар на меден месец во Грција се води за исчезнат откако поплавите го однеле бунгаловот во кој престојувале во морето

Бројот на загинати во поплавите во Грција денеска се искачи на четворица, а брачна двојка од Австрија која била на меден месец се води како исчезната откако обилните дождови ја однеле куќата во која престојувале. Службите за итни случаи изјавија за Би-Би-Си дека трагаат по парот и уште неколку исчезнати лица. Брачен пар од Австрија престојувал во бунгалов во одморалиштето Потистика, во близина на планината Пелион, кога поплавите го однеле бунгаловот во морето. Сопственикот на сместувањето Самарас Танакис изјавил дека парот од австрискиот град Грац се венчал набргу по пристигнувањето на одмор.

Од понеделник бурата Даниел предизвика лизгање на земјиштето, уништи мост, сруши далноводи, а десетици автомобили беа однесени во порои, неколку дена откако беше изгаснат големиот пожар на северот на Грција. Поплавени се и делови од Атина. Најавено е дека невремето ќе трае до вечерва.

Во соседна Турција, најмалку седум лица загинаа во поројните поплави кои предизвикаа обилни врнежи во северозападниот дел на таа земја.

Во Бугарија од поројните дождови што во вторникот го зафатија брегот на Црното Море загинаа четири лица, соопштија властите во средата, а илјадници туристи беа погодени од катастрофата.

Треба да знаете
Последни објави