Search

„Франс Фудбал“ ги објави кандидатите за „Златната топка“

„Франс Фудбал“ денеска ги објави кандидатите кои ќе се борат за „Златната топка“.

Меѓу 30-те најдобри фудбалери го нема Португалецот Кристиано Роналдо, а главни фаворити се Аргентинецот Лионел Меси и Норвежанецот Ерлинг Халанд.

Рекордерот со седум освони трофеи „Златна топка“, Меси ја предводеше Аргентина до светската титула во Катар, додека младиот голгетер Халанд беше најдобар стрелец во Европа и ја освои тројната круна со англискиот премеирлигаш Манчестер сити.

Свечената церемонија на која ќе биде прогласен новиот сопственик на „Златната топка“ е закажана за 30 октомври во Париз.

Еве ја комплетната со номинираните кандидати:

Треба да знаете
Последни објави