Search

(Видео) Српски туристи „заглавени“ во Волос чекаат некој да ги евакуира

Поплави има во Грција. Нема струја, а стотици луѓе се „заробен“ во своите автомобили. Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун, Лариса и Скијатос.

Група од триесетина српски туристи цел ден се заробени на траектот што пловел од Скијатос до Волос, но не може да дојде до пристаништето поради силното невреме кое го зафати тој дел на Грција. Станува збор за патници кои заминале на одмор во индивидуални аранжмани.

Има туристи од Ниш на 60 километри од Волос.

-Нема струја, нема храна. Овде сме без автомобил, во сиромашен кварт, нема продавница, ништо не постои, однесено е од водата, изјави Владимир Стефановиќ од Ниш.

Додека заробените туристи чекаат повик за помош и евакуација, поради силното невреме, полицијата во Грција забрани сообраќај во градот Волос, блискиот планински регион Пелион и островот Скијатос, каде наврна рекордна количина дожд. 

Најмалку 10 загинати има во поплавите во Грција, Бугарија и Турција. 

Треба да знаете
Последни објави