Search

Хаос на фестивалот: Надреални слики и видеа од последните неколку дена во Невада

Десетици илјади луѓе го напуштаат фестивалот „Burning Man“ во Невада по престанувањето на дождливите услови, а интернетот е преплавен со видеа и фотографии кои изгледаат речиси нереално.

Повеќе од 70.000 посетители на фестивалот беа заробени во калливи услови откако областа беше погодена од дожд што не е забележан со децении. Неколку илјади луѓе пеш го напуштиле местото на настанот, а 64 илјади останале блокирани во пустина.

Во тој реон до вчера во 20 часот важеше забрана за возење, која во меѓувреме е укината. Сега илјадници луѓе се враќаат дома.

Треба да знаете
Последни објави