Search

Протестот против скандалот на Онкологија – автентичен гнев киднапиран од партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Неколку денови јавноста со право е наелектризирана откако МВР и ОЈО влегоа на Клиниката за радиотерапија и онкологија, постапувајќи по бројните индиции за злоупотреби објавени во неколку медиуми.

Тврдењата дека се краделе цитостатици и се препродавале на црниот пазар, а на болните им бил даван физиолошки раствор, создадоа огромен гнев во јавноста. 

Оправдано, најогорчени се лицата чии блиски биле или се болни од некаков вид на карцином и придодно тој гнев се прелеа на улиците, пред институциите. 

Но она што е помалку природно, но секако не и неочекувано е обидот на одредени опозициски партии, пред се ВМРО-ДПМНЕ и Левица, да го киднапираат протестот. 

Тоа, во најголем дел им успеа. 

Па така главен фокус на вчерашниот протест, беа навредливите транспаренти што активисти на овие партии ги носеа со себе, наместо траорните сведоштва на лице кои минувале низ голгота Клиниката за онкологија. 

Наместо да се чујат барањата на граѓаните, претседателот на Левица, Димитар Апасиев тераше лична кампања, продолжувајќи го протестот пред една полициска станица, наводно ослободувајќи двајца уапсени активисти на неговиот партиски подмладок. 

Таквото однесување пред се на раководството на Левица наиде на силно негодување од страна на граѓански активисти, универзитетски професори, јавни личности кои го осудија обидот за лична и партиска промоција, на штета на гневните и ожалостени граѓани. 

Треба да знаете
Последни објави