Search

(Видео) Изгаснат пожарот кај Бељаковце

Пожарникари од Ранковце и Куманово вечерва успеаја да го изгаснат пожарот кај Руѓенце и Бељаковце. Претходно на овој терен интервенираа и еден полициски хеликоптер и ер-трактор, но откако се стемни тие беа приморани да ја прекинат операцијата.

Еден крак од пожарот беше активен и доцна во ноќта, но пред малку благодарејќи на храбрите пожарникари од Ранковце и Куманово е изгаснат. Локализиран е и пожарот кај Ваксинце, во близина на резервоарите на Макпетрол.

Хеликоптерот на МВР денеска врз пожарот во атарот на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане, исфрли повеќе од 20 тони вода.

Треба да знаете
Последни објави