Спасовски: За ваков чин, вакво злосторство, ваква нехуманост од било кого, нема да има никаква толеранција

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на ТВ21 во летното издание на „Клик Плус“ зборуваше за истрагата во Клиниката на онкологија.

Спасовски кажа дека не може да открие детали, но го оцени случајот како злосторство.

„Нема збор кој може да го опише тоа што се случува. Се изгубила човечката димензија, и ова се состојби кои во континуитет подолг временски период траеле.

Вие знаете дека имаше неколку пати јавни натписи имаше одредени пријави кои беа доставувани до министерството и до обвинителството, и тоа беше причината да се преземат дејствија. Колку и да е лошо и колку да боли, ова мора да се истера до крај и мора да се анализираат сите аргументи.

Наодите кои беа објавени, информации кои се собрани од МВР бараа да се одземат соодветни електронски уреди, да се одземат одредени материјали од клиниката за онкологија, кои преку анализата ќе можат да бидат дел од доказите.

Сакам да кажам посебен тим од полиција работи во координација со обвинителството, направен е целосен план, и интензивно се работи на прибирање на информации во овој дел. За конкретноста на информации не можеме да откриеме сега, не смее на никој начин да се влијае на постапката, со цел да не се руши еден дел од доказната постапка која ја имаме.

Постојат постапки и процедури, бројот на лица во истрагата е поголем и не можам да излезам со бројки. Сето она кое се прави е да се утврди затоа што навистина виновниците имаат име и презиме и тие мора да бидат утврдени.

„За ваков чин, вакво злосторство, ваква нехуманост од било кого, нема да има никаква толеранција“, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави