Search

Чешка ја победи Ц.Гора, а ја промовираше Македонија како патник во осминафиналето

Одбојкарската репрезентација на Чешка ја совлада Црна Гора со 3:0 (25:18, 25:20 и 25:15) во натпревар од групата Ц на ЕП првенство кој се одигра во Скопје и ја испрати македонската селекција во осминафиналето на континенталниот шампионат. Македонија која по двете стартни победи над Данска и Црна Гора го најави пласманот во нокаут-фазата, за да го верификува и теоретски им помогна Чешка со која ќе се пресметаат во последното коло во меч за подобар пласман во групата.

Чешка на стартот од мечот со Црна Гора најави дека ќе атакува на победата. Црна Гора даде поголем отпор во вториот сет, но Чешка направи пресврт (11:10) и потоа влезе во ритам за да стигне до 25:20. Чесите во третиот сет ја декласираа репрезентацијата на Црна Гора и триумфираа со убедливи 25:15.

Полска и Холандија во групата Ц имаат по девет бода, Македонија и Чешка по шест, Црна Гора три, а Данска е без бодови.

Треба да знаете
Последни објави