Search

Протест со лични животни приказни загаден од партиска пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Протестот во Скопје кој требаше да биде за скандалот со кражбата на лекови на Клиниката за Онкологија прерасна во партиски протест на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои го злоупотребија гневот на граѓаните со партиска пропаганда.

Активисти на опозициските партии со политички и партиски пароли се обидоа и од тажните лични животни приказни да извлечат ситни политички поени, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи како од предизборен митинг.

Ваквиот однос на опозициските активисти наиде на осуда од граѓаните кои сугерираат дека овој протест не е за споделување фотографии со широки насмевки.

Наместо барање за брза и темелна истрага на протестот тие истакнуваа погрдни зборови и пораки, говор на омраза и политички пароли. На социјалните мрежи се споделуваат се повеќе фотографии и постови со осуда за ваквата злоупотреба на скандалот и човечките судбини од страна на опозициските партии како предизборна кампања.

За политизацијата на протестот со свој став се јавија и многу граѓански активисти, а меѓу нив и уметницата и граѓански активист, Леана Таќи која го осуди чинот на партизација и обидите за лична промоција на протестот

„Срамно и профитерски е да собирате партиски поени на ваков протест. Таму денес имаше луѓе кои во немоќ искрено тажат за загубата на своите најблиски. Ама исто како и секој човек жеден за моќ, не помисливте на обичните граѓани. На нам на кои ова ни е реалниот живот, а не игра за власт“ вели Таќи.

Треба да знаете
Последни објави