Search

Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Градот Рим, Роберто Гуалтиери, денес потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, пријателски релации, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и на животната средина, како и за изнаоѓање решенија на предизвици од социо-економски карактер. 

 Со Меморандумот Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат реципрочна поддршка за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на урбанизмот, урбаната регенерација, заштитата на животната средина, културата и за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на инклузијата и иновациите. 

 На денешната средба, градоначалничката Арсовска го запозна градоначалникот Гуалтиери за активностите на Град Скопје во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата и ја истакна поддршката од Скопје за кандидатурата на Рим за Експо 2023.

Треба да знаете
Последни објави