Search

Левица и ВМРО-ДПМНЕ го обоија протестот со говор на омраза – дали главната команда е во нивните штабови?

Денес во Скопје се одржа протест за скандалот со кражбата на лекови на Клиниката за Онкологија кој, за жал, наместо притисок врз институциите за побрза разврска на целиот скандал,  прерасна во протест со говор на омраза, политизација и партизација.

Помеѓу главните организатори на протестот беа лица од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои со политички пароли се обидоа да го злоупотребат скандалот и гневот на народот за ситни политички поени.

Со погрдни зборови, говор на омраза и политички пароли претставниците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ го киднапираа протестот, што не наиде на одобрување од граѓаните. На социјалните мрежи се споделуваат се повеќе фотографии и постови со осуда за ваквата злоупотреба на скандалот и човечките судбини од страна на опозициските партии како предизборна кампања.

Помеѓу поактивните учесници на протестот беа и видни партиски активисти од опозициската ВМРО-ДПМНЕ (Марика Поповска) кои на јавноста се познати и по упадот во Собранието на 27 април, а сега вулгарно и нападно протестираа против Владата, наместо за разрешница на скандалот. 

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов на маргините од протестот се сликаше со група граѓани каде беше насмеан „од уво до уво“.

Свој „перформанс“ имаа и лидерот на Левица Димитар Апасиев и советничката од Левица во Советот на општина Ѓорче Петров, Дарја Мустафоглу.

Граѓаните коментираат за невкусните фотографии на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои насмеани, како на партиски митинг се сликаа на протестот пред Владата.

За политизацијата на протестот претходно предупредија и политичките аналитичари, кои побараа одговорност и разрешница на случајот, но и да не се дозволи да се сензационализира и злоупотребува целата ситуација.

Професорката од Правниот факултет, Ана Чупевска рече дека јавноста е оправдано згрозена и реагира за овој случај, но исто така повика и против злоупотребите на човечките судбини.  

„И уште нешто, повици за протест се легитимни, ама не и однапред да ги осудувате, со фаци што сте ставиле на слики и да повикувате на линч без да имате било какви докази. Аман кое дно сте ??? Трамповци и трапчовци“, вели Чупеска.

Треба да знаете
Последни објави