Search

Клисаровска, директорката на Онкологија: Достапни сме на надлежните органи, виновниците брзо да бидат откриени

Во врска со постапката која е во тек и за која сите сте запознаени, ве уверувам дека како организациски тим ние сме целосно достапни на надлежните и истражните органи со цел за брзо откривање на виновниците, истакна директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија Виолета Клисаровска, пред малку на прес-конференција. 

Таа апелираше надлежните институции, да донесат одлука и ако има виновници истите да ги именуваат. 

„За нашата клиника ова е од непроценлива, огромна важност. За да се офтрли т.н. колективна вина која сега се наведнува над целата наша институција, односно над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент – лекар што директно се одразува врз здравјето на граѓаните. Стручниот колегиум на клиниката најостро осудува секое несовесно и нестручно работење со молба и апел кон сите надлежните и медиумите да не се генерализира проблемот“ порача Клисаровска.

Одговорно им тврдам на пациентите, додаде таа, откако сум јас, период од ноември 2022 година дека секој пациент ја добива препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го постави, без никаква манипулација со лековите. 

Треба да знаете
Последни објави